+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Денеска во просториите на МАЛМЕД, заменик Директорот М-р фарм. спец Роберт Бекироски одржа средба со Биба Додева, претседател на македонското здружение за борба против ракот „Борка“.

Во текот на состанокот г-ѓа Додева информираше за успешните реализирани проекти, посебно во делот на подигнување на свеста за ракот во нашата држава, воедно се иницира идеја за соработка во однос на информирање на пациентите за клиничките испитувања. 

„Изминативе 3 години значително се подобри пристапот до нови терапии за нашите пациенти, кои се навистина ефективни во лекувањето на малигните болести. Сепак сметаме дека оваа практика треба да продолжи и понатаму со дополнување на други нови терапии кои системски би се решиле со ревидирање на позитивната листа на лекови. Треба да ја поттикнеме можноста за спроведување на клинички испитувања во нашата држава и да работиме со цел подобро разбирање на предизвиците и бариерите за поставување на вакви испитувања кои би биле достапни за нашите пациенти во Македонија“ – изјави Додева.

„За мене секогаш е чест и задоволство да бидам дел од настани организирани од страна на граѓанските организации кои работат во општествени иницијативи. Ваквите настани секогаш дополнително ме уверуваат дека сме подготвени за поддршка и активности со цел подобрување на здравјето на пациентите. Во име на Агенција за лекови и медицински средства изразив голема благодарност за досегашната и подготвеност за понатамошна соработка за престојните проекти. Ви благодарам “Борка” за денешната испиративна средба.“ – изјави заменикот директор на МАЛМЕД.

МАЛМЕД останува посветена на подобрување на квалитетот на услугите и терапиите за пациентите, како и отворена за соработка со невладиниот сектор кои можат да влијаат на законските регулативи.