ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПОВЛЕКУВАЊЕ НА ЛЕК ОД ПРОМЕТ
Агенцијата за лекови и медицински средства Ве известува за повлекување од промет на лекот:
Diklofen (diclofenac) 50 mg гастрорезистентна таблета на производителот Галеника а.д. Белград, Р.Србија од серијата 46703 со рок на употреба 31.05.2028 година.
Лекот се повлекува од промет врз основа на барање на носителот на одобрение поради несоодветни резултати од испитувањето на степенот на чистота. Врз основа на достапните податоци моментално не постојат ризици за пациентите кои го употребуваат овој лек. На пазарот се достапни генерички лекови од други производители кои ја содржат истата активна супстанција диклофенак. Поради тоа повлекувањето на овој лек од промет не го нарушува редовното снабдување на пазарот и неговата дотапност. Пациентите кои го употребуваат овој лек треба да се обратат на својот матичен лекар за продолжување на терапијата.