![](https://malmed.gov.mk/wp-content/uploads/20240806_130047-rotated-e1723021693695.jpg)
Drejtor i Agjencisë së Barnave dhe Pajisjeve Mjekësore:
Сефедин Јонузи дипл. фарм.
Роден: 13.10.1968 година
Град: Гостивар
е-маил: sefedin.jonuzi@malmed.gov.mk
Telefoni: 02-5112-394
Të dhëna biografike:
Студиите ги има завршено на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје.
Стручната кариера ја започнал уште во 1996 година во приватна аптека, како нејзин управител, а после тоа од 2003 година, па во период од околу 13 години работел во Бирото за лекови – орган во состав на Министерството за здравство. Во овој период работел како инспектор за лекови и медицински помагала.
Од 2016 година работи во Министерството за здравство, Сектор за хемикалии како инспектор за хемикалии и прекурзори.
Бил ангажиран како соработник во изготвувањето на првото печатено издание на Регистарот на лекови на Република Македонија.
Има остварено активна соработка со Европската агенција за хемикалии (European Chemicals Agency – ECHA), Агенцијата за лекови на Европската Унија (European Medicines Agency – EMA), како и со Европската Комисија за транспонирање на европската легислатива во делот на хемикалии.
Активно учествувал на домашни и интернационални конгреси, како и остварувал активно учество во изготвување на закони и подзаконски акти од областа на својата експертиза.
Сефедин Јонузи е женет и има две деца.