+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Почитувани,

 

Агенцијата за лекови и медицински средства, Ве известува дека новиот интегриран информациски систем е ставен во функција и подготвен за регистрација на корисници и за користење од 19.03.2018 година.

Сите потребни упатства и обрасци за користење на системот можете да ги погледнете на нашата официјална страна во делот интегриран информациски систем (обрасци и упатства). Во интерес на ефикасно и транспарентно спроведување на процесот, Агенцијата стои на располагање доколку Ви се потребни дополнителни информации за користење на системот.

Системот нуди можност за поднесување на барања/обрасци и соодветна документација во електронска форма за постапки поврзани со лековите кои се во надлежност на Агенцијата:

Носителите на одобренија на лекови (корисници на системот), за да може да го користат овој систем, потребно е да се регистрираат и да добијат корисинчко име и лозинка согласно постапката опишана во делот 1. Регистрација на апликацијата од корисничкото упатство “Корисничко упатство за носители на одобрение за лекови“.

Ова корисничко упатство може да го превземете од главната страна на МАЛМЕД – Интегриран информациски систем – Обрасци и упатства.

Пристапот до интегрираниот инфомациски систем е на следниот линк:

 

Со почит,

МАЛМЕД