+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page
Заменик Директор на Агенција за лекови и медицински средства

Роберт Бекироски, М-р фарм. Спец.

Роден: 27.03.1989

Место: Ростуше, Маврово и Ростуше

e-mail: robert.bekiroski@malmed.gov.mk

тел: 02-3200-043

Биографски податоци:

Роберт Бекироски, своето рано  образование го започнува во својот роден крај се до факултетските денови па своите додипломските студии ги завршува на Фармацевтскиот Факултет – Универзитет Св. „Кирил и Методиј“ – Скопје, каде се стекнува со титулата магистер по фармација.

Специјализација завршува на истиот универзитет, во областа Фармакоекономија и здравствен менаџмент, на тема „Современи здравствени информатички технологии во фармацевтската пракса“.

Својата стручна кариера ја почнува како маркетинг менаџер во познати домашни фармацевстки компании  во периодот од 2012 до 2017 година.

Веќе во 2017 година  е именуван за директор на Агенција за лекови и медицински средства, функцијата ја извршува до 2019 година кога е именуван и ја врши функцијата заменик директор на Агенција за лекови и медицински средства.

Во текот на студентските денови Бекироски придонесува во студентскиот активизам, како член на  Наставно научниот сојуз при Фармацевтскиот факултет-Скопје, и ја извршува функцијата потпретседател на Студентски парламент на Фармацевтскиот факултет во Скопје.

Роберт Бекироски е оженет и има две деца.