+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

На 11-ти Март во просториите на Европската Делегација за РСМ се одржа последниот состанок на Координативното тело на Твининг проектот на МАЛМЕД на кој учествуваа проектниот лидер од Литванија г-дин Гитис Андролионис, Директорот на МАЛМЕД М-р фарм  Висара Риза, проектен лидер од РСМ Мерјем Хаџихамза, проектниот тим на МАЛМЕД во состав Марија Трајчулески, Билјана Димитрова, Елона Чилку, Валентина Цветановска како и  претставниците од ЕУ делегацијата Ружица Андроникова и Снежана Колекеска.

На состанокот хронолошки се презентираа сите спроведени активности согласно проектната рамка и имаше конструктивна дискусија по однос на сите спроведени активности.

Директорот на МАЛМЕД М-р фарм Висара Риза даде посебен осврт кон придобивките кои МАЛМЕД ги има од овој проект  пред се во делот на препораките кои беа дадени при експертските мисии а кои се однесуваа на нашата регулатива односно на Законот за лекови и медицински средства како и на подзаконските акти. Се нагласија и полезните препораки во делот на  организационата структура на МАЛМЕД, планот за тренинг на вработените,  обуките кои се спроведоа во делот проценка на документацијата за лек при постапката на маркетинг авторизација, инспекцискиот надзор како и воспсотавувањето на систем за следење на потрошувачката на лековите согласно препораките на СЗО. Претставниците од ЕУ делегацијата го изразија своето задоволство за успешното и навремено завршување на активностите и нагласија дека тоа е заслуга на двајцата партнери во проектот што секако одличен основ за добивање на нови проекти во иднина.