+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Почитувани,

Следејќи ја актуелната состојба со која се соочуваме настаната со Ковид 19, поткрепено со се почестите барањата на лекари кои се вклучени во третманот на оваа болест, за достапност на лекот,  Агенцијата за лекови и медицински средства одобри увоз и достапност лекот на favipiravir за крајните корисници-пациентите.

Во таа насока, сакаме да укажеме дека пациентите ќе можат да го обезбедат лекот само врз основа на рецепт и по препорака на лекар. Лекот favipiravir не е одобрен за индикација на лечење на Ковид 19, па во таа насока апелираме и ги замолуваме пациентите да не го користат овој лек по сопствено убедување, без препорака од лекар .

Правилната и рационална употреба на сите лекови е во интерес на заштита на Вашето здравје. Затоа пред да земете лек, задолжително консултирајте се со Вашиот лекар кој најдобро ќе ве упати на начинот на користење и употребата на лекот.

Со почит,

Агенција за лекови и медицински средства