+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Во насока на почитување на препораките на Владата на Република Северна Македонија за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, Агенцијата за лекови и медицински средства донесе одлука да го намали бројот на директни средби со странки, соработници и корисници на услугите на МАЛМЕД.

Одлуката е донесена со цел превенција и елиминирање на секоја можност од ширење на вирусот.

Поради горенаведените причини, писарницата на МАЛМЕД ќе врши прием на странки за итни и неодложни работи од 09:00 часот до 12:00 часот.

Сите странки, соработници и корисници кои имаат потреба за контакт со МАЛМЕД, тоа можат да го направат на телефонскиот број 02-5112-394 секој работен ден од 08:30 до 16:30 часот и преку електронското сандаче info@malmed.gov.mk ; contact@malmed.gov.mk

Исто така во прилог е и линкот со сите телефонски броеви на вработените во МАЛМЕД:

https://malmed.gov.mk/wp-content/uploads/Spisok-na-vraboteni-MALMED-01.08.2019.pdf

Апелираме до нашите странки, соработници и корисници на услугите, да ги почитуваат превентивните мерки кои ги донесе Владата на Република Северна Македонија и да сториме се што е во наша можност за да го спречиме ширењето на КОВИД 19 вирусот во државата.