+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

На редовната прес-конференција, заменик директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства М-р фарм.спец Роберт Бекироски информираше за редовните инспекциски надзори за период од 7 до 18 декември.

Имено, Агенцијата за лекови и медицински средства, МАЛМЕД во истиот период спроведе 46 надзори во аптеки во целата држава. Надзорите се извршени по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона вирус и издавање на антибиотици.

Агенцијата за лекови апелира до сите правни субјекти и граѓани да ги почитуваат владините мерки и препораки во насока на превенирање и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19. На овој начин ќе им помогнеме на инспекторите и на здравствените работници и на сите кои учествуваат во борбата против оваа пандемија, заеднички да ја надминеме оваа здравствена криза.