Во рамките на Инструментот за прет-пристапна помош (ИПА) Европската агенција за лекови (ЕМА) од 12-ти до 14-ти април одржа тридневна напредна обука за Агенциите за лекови. На обуката присуствуваа претставници од Агенциите за лекови од регионот и пошироко.
Темите кои се презентираа се однесуваа на:
Евалуација на досието на нов лек – приказ на случај
Евалуација на досие за генерички и биослични лекови – приказ на случај
КОВИД -19 вакцини: авторизација, употреба и вигиланца
Борба против антимикробната резистенција
Спроведување на инспекција на добрата клиничка пракса и добрата пракса во фармаковигиланцата – приказ на случаи
Ова беше одлична можност за вработените на МАЛМЕД да ги зајакнат своите капацитети во клучните сегменти од своето работење.