Почитувани пациенти,
Во време на пандемија со COVID-19, Агенцијата за лекови и медицински средства, во интерес на јавното здравје и безбедна примена на лековите, Ве потсетува на насоките дадени од Министерството за здравство за рационално користење на антибиотици, како и употреба на лековите согласно индикационото подрачје и препораките на лекарите.
Ве молиме не користете лекови за превенција и третман на болеста корона на своја рака, по свое лично убедување и без претходна консултација со лекар или фармацевт.
Агенцијата за лекови и медицински средства