Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД) има потпишано договор за соработка со Uppsala Monitoring Centre (UMC) – глобална електронска база на податоци за несакани дејства на лекови на Светската здравствена организација со седиште во Шведска. Сите пријави кои се доставени до МАЛМЕД се обработуваат и проследуваат до UMC и стануваат дел од документацијата за безбедноста на лекот, врз основа на која се издаваат препорки за негова безбедна употреба во однос на правилно дозирање, контраиндикации, посебни предупредувања, интеракции со други лекови како и мерки за минимизирање на појавата на несакани реакции.
За да пристапите до веб страницата на глобалната електронска база на податоци за несакани дејства, кликнете на следниот линк: Uppsala Monitoring Centre