+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Денес во просториите на деканатот на Фармацевтски факултет, Скопје  се одржа конструктивен состанок на директорот на МАЛМЕД  Мр. фарм. спец. Лирим Шабани и Деканот на фармацевтски факултет Проф др Зоран Стерјев како и други претставнци од  двете институции.

На работниот состанок се разговараше за досегашната успешна соработка во делот на фармацевтските политики вклучувајки ја тука и контролата на квалитетот на лековите како и за идните заеднички активности  кои без сомнение ќе придонесат на  зајакнувањето  на соработката со цел унапредување на состојбите во фармацевтскиот сектор кој претставува еден од клучните сегменти на здравствениот систем  во нашата земја.