+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

На денешната редовна прес-конференција, директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства г. Љирим Шабани информираше за редовните инспекциски надзори за период од 9 до 15 ноември.

Имено, Агенцијата за лекови и медицински средства, МАЛМЕД во истиот период спроведе 26 надзори во аптеки во целата држава. Надзорите се извршени по основ почитување на мерките на Владата односно за формирани цени на заштитни средства од корона вирус и издавање на антибиотици. Притоа, издадена е една опомена за погрешно означување на надворешното пакување на заштитни маски.

Агенцијата за лекови апелира до сите правни субјекти и граѓани да ги почитуваат владините мерки и препораки во насока на превенирање и заштита од ширењето на коронавирусот КОВИД-19. На овој начин ќе им помогнеме на инспекторите и на здравствените работници и на сите кои учествуваат во борбата против оваа пандемија, заеднички да ја надминеме оваа здравствена криза.