+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Имајки го во предвид влијанието на КОВИД-19, како од здравствен, така и од економски аспект Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија предупредува дека е евидента промената во навиките за купување кај граѓаните. Имено во страв и во паника од актуелната ситуација со пандемијата се посегнува по секој нов производ кој се огласува преку разни портали, социјални мрежи и други електронски  медиуми со цел да се заштитат од Ковид 19. Тоа се една широка лепеза на препарати на кои им се припишуваат карактериситки на лекови со чудотворно дејство што е спротивно на сите етички критериуми кои треба да се применуваат при огласувањето на некој производ.

Во таа насока потребно е граѓаните да внимаваат што употребуваат, од кого го купуваат производот и дали истиот е со верифицирано потекло.

Агенцијата за лекови и медицински средства ги информира граѓаните дека аптеките во државата се снабдени со широка палета на лекови но и на додатоци за храна кои се применуваат во терапијата за КОВИД 19 и нема потреба да купуваат лекови и други медицински производи преку интернет бидејки никој не гарантира за нивниот квалитет и безбедност. Тој начин на снабдување со лекови не е во согласнот со Законот за лекови и медицински средства.