+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Светската здравствена организација (СЗО) игра клучна улога во поддршката на земјите во зајакнувањето на нивните регулаторни системи и промовирање на правичен пристап до квалитетни, безбедни, ефикасни и достапни лекови и други здравствени технологии .

Во таа насока под покровитество на СЗО  вработени од  МАЛМЕД од  2-6 Ноември имаа виртуелна студиска посета во Швајцарската Агеција за лекови. Оваа студиска посета ги покриваше клучните сегменти од работењето на секоја агенција за лекови а тоа се: управување со квалитет, добивање на одобрение за ставање на лек во промет, лиценцирање, инспекција и фармаковигиланца. Вработените од МАЛМЕД на крај имаа своја презентација за тоа кои нови идеи и знаења ги стекнале при оваа обука и како мислат понатаму истите да ги применат.

Ова беше одлична можност за размена на искуства која секако ке резултира со зајакнување на капацитетите  како и подобрување на сите постапки што секојдневно се одвиваат во  нашата агенција.