Денес во просториите на Агенцијата за лекови и медицински средства Директорот на Агенцијата за лекови Мр.фарм Роберт Бекироски одржа состанок со претставници на Фармацевтската комора на Република Македонија и Асоцијацијата на болничките фармацевти.
На состанокот се дискутираше за улогата на болничките фармацевти во заштитата на јавното здравје како и за проблемите со кои тие се соочуваат во нивната секојдневна пракса. Во таа насока се констатираше дека потребата од овој кадар е неопходна во сите болници бидејќи болничките фармацевти се здравствени работници и практикувањето на фармацевтските стручни знаења и вештини е многу значајна во болничката пракса.