Во просториите на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД), Директорот М-р фарм. Роберт Бекироски денес оствари средба со Претставникот на Светската здравствена организација и Шеф на канцеларијата Др Жихан Тавила.
На средбата се разговараше за актуелната состојба во Фармацевскиот сектор во Република Македонија, за постапките кои се спроведуваат во МАЛМЕД, како и за можноста МАЛМЕД да биде подржана во активностите кои се однесуваат на зајакнување на капацитетите во сите сегменти на работењето од страна на Светската здравствена организација.