Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД), М-р фарм. Роберт Бекироски денес оствари средба со Г-дин Лука Вончина, консултант за фармација на Светска Банка.
На средбата се разговараше за активностите кои ги спроведува МАЛМЕД, како и актуелната состојба и законските прописи во Фармацевтскиот сектор во Република Македонија, како и можноста и потребата МАЛМЕД да биде подржана во активностите кои се однесуваат на зајакнување на капацитетите во сите сегменти на работењето од страна на Светска Банка.