Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД), М-р фарм. Роберт Бекироски денес оствари средба со Амбасадорот на Република Франција НЕ Кристиан Тимоние.
На средбата се разговараше за актуелната состојба во Фармацевскиот сектор во Република Македонија, за актуелностите во МАЛМЕД, како и за можностите за соработка со Националната Агенција за безбедност на лековите и медицински производи на Република Франција (MSNA).