+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Политика на приватност

Оваа политика на приватност дава општи информации за обработката на лични податоци кога ја посетувате нашата интернет страна и/или користите некоја од нашите услуги преку истата. Ги собираме само оние лични податоци кои се неопходни да ги оствариме нашите законски задачи и овластувања.

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Агенцијата за лекови и медицински средства (во натамошниот текст: Агенцијата), со седиште на ул. „Св. Кирил и Методиј“, бр. 54 – кат 1, Скопје, Република Северна Македонија.

Агенцијата е самостоен орган на државената управа со својство на правно лице.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци (*).

Чии податоци собираме?

Можеме да собираме податоци поврзани со следниве категории на лица:

  • Посетители на нашата интернет страна malmed.gov.mkВообичаено собираме податоци за навигација (види подолу) кои се користат за анализирањето на податоците од посетите на нашата веб-страна како и за одржување на информациска сигурност на нашата веб страна. Повеќе за употребата на колачиња можете да најдете во нашата Политика за користење на колачиња.
  • Пријавувачите на несакани реакции на лекови и медицински средства – (здравствени работници или пациенти). Овие пријави содржат информации за идентитетот на подносителот на пријавата и лични податоци  на други лица вклучени во пријавата кои се потребни за постапување согласно нашите овластувања наведени во Законот за лекови и медицински средства и подзаконските акти што произлегуваат од него.
  • Корисници на контакт формата – лични податоци кои корисниците ги оставаат при поставување на прашање и/или испраќање на пораки до Агенцијата.

Категории на податоци кои се обработуваат

Лични податоци кои ги прибираме од Вашата посета на нашата веб-страна, се оние кои Вие доброволно ги доставувате за конкретни цели, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите овластувања за консултација, давање одобренија и советодавни овластувања (вклучувајќи податоци потребни за усогласување со законските барања), како што се поставување на прашања и/или мислења за различни прашања поврзани со лековите и медицинските средства за употреба во хуманата медицина.

Податоците и информациите што го идентификуваат корисникот, единствено може да бидат откриени на надлежни државни органи, врз основа на нивно барање или одлука засновани на закон. Истите ќе се чуваат во временски период колку што е потребно за исполнување на целта заради која се собрани.

Како  ги собираме личните податоци

Личните податоци ги собираме преку различни канали, вклучувајќи:

  • преку Вашето користење на нашата веб страна, вклучувајќи ги овде и формите за пријавување на несакани реакции за лекови и медицински средства;
  • преку нашиот email: info@malmed.gov.mk
  • преку пошта,

За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Валентина Цветановска на следниов e-mail: valentina.cvetanovska@malmed.gov.mk.

Право на поднесување на барање до АЗЛП  

Ако сметате дека начинот на кој Агенцијата за лекови и медицински средства ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање до АЗЛП како надзорно тело.

Промена на политиката за приватност

Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.