+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Огласување на хумани лекови

Огласување на лекови е секоја форма на ширење информации за лековите на широката или на стручната јавност за да се промовира пропишувањето на лековите, да се стимулира издавањето на лековите, снабдувањето со лековите, како и нивната продажба и употреба.За лековите што се издаваат без лекарски рецепт, носителите на одобренијата за ставање во промет и производителите, можат да ја информираат широката јавност за карактеристиките на лекот. Сето тоа мора да биде во согласност со збирниот извештај за особините на лекот или со упатството за пациентот. Носителите на одобренијата за ставање во промет и производителите се должни тоа да го прават на објективен начин и по претходно одобрение од Агенцијата.Огласувањето на лековите што се издаваат без лекарски рецепт може да се врши прекуогласување во јавните медиуми, преку интернет, огласување на јавни места и други видови на огласување наменето за широката јавност (доставување на огласен материјал по пошта, посети и друго),Огласувањена лековите што се издаваат на лекарски рецепт преку медиумите за широката јавносте забрането.

 

Огласувањето на лекови што се издаваат на лекарски рецепт наменето за здравствените работници (промоција на лек) е дозволено заради обезбедување информации во согласност со збирниот извештај за особините на лекот или во врска со условите под кои лекот е ставен во промет. Огласувањето на лековите наменето за здравствените работници го прават носителите на одобренијата за ставање во промет преку огласи во стручна литература, стручни периодични списанија и други стручни публикации, како и преку директно давање информации на здравствените работници кои ги пропишуваат или издаваат лековите.

Огласувањето се врши преку давање на информации за лекот кои треба да бидат вистинити и научно докажани.

Табела со издадени ододбренија за огласување до Ноември 2024 година

 

Табела со издадени ододбренија за огласување во 2023 година


Табела на издадени одобренија за огласување во 2022 година


Табела на издадени одобренија за огласување во 2021 година


Табела на издадени одобренија за огласување во 2020 година


Табела на издадени одобренија за огласување во 2019 година


Табела на издадени одобренија за огласување во 2018 година