Зам. Директорот на МАЛМЕД, М-р фарм.спец Роберт Бекироски присуствуваше на 4 тиот по ред Конгрес на фармацевти со меѓународно учество под слоганот “ Моќта на фармацијата – Силата на нашето здравје” во Будва, Република Црна Гора.
На Конгресот зам. Директорот имаше можност да се сретне со директорите и претставниците од агенциите за лекови на Република Црна Гора, Србија, Хрватска и Малта, како и многу експерти во областа на фармацијата од регионот и пошироко. Учеството на овие конгреси е од големо значење за размена на искуства во областа на фармацијата и начинот на функционирање на институциите.
Наша заедничка цел е обезбедување квалитетна здравствена заштита и здружување во борба со вистинските предизвици со кои секојдневно се соочуваме.
Секој нов предизвик е истовремено и нова можност да испишеме здрава, безбедна и праведна иднина за нашите пациенти.