+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Информации и пристап до лични податоци

Контролор на збирки на лични податоци

Контролор на личните податоци е Агенцијата за лекови и медицински средства (во натамошниот текст: МАЛМЕД), со седиште на ул.„Св. Кирил и Методиј“ бр.54 кат 1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.

Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на личните податоци (*).

Чии податоци може МАЛМЕД да ги собира и обработува?

МАЛМЕД може да собира, употребува и обработува податоци поврзани со: лица кои се посетители на нашата интернет страница, баратели и доставувачи на информации во врска со поднесување на барања и/или разни други пораки преку контакт формите. Овие барања/пораки содржат информации за идентитетот на испраќачот. Овие податоци имаат ограничен обем, вообичаено име, презиме и контакт податоци, кои се тесно поврзани со самото барање или достава на информации. Повеќе информации за нашата употреба на колачиња во нашата Политика за користење на колачиња. [врска].

Кои права ги имате во врска со вашите лични податоци?

Вие ги имате следните права во врска со Вашите лични податоци:

  • Имате право да бидете информирани за собирање, употреба и обработка на Вашите лични податоци;
  • Имате право  да го ограничите собирањето, употребата и обработката на Вашите лични податоци што ги врши МАЛМЕД;
  • Имате право да ги промените и делумно или целосно да ги избришете Вашите лични податоци;
  • Имате право на пристап до Вашите собрани, употребени и обработени лични податоци;
  • Имате право да вложите приговор околу нашето собирање, употреба и обработка на Вашите лични податоци до МАЛМЕД или до Агенцијата за заштита на лични податоци

Со цел добивање на повеќе информации, за сите други прашања и остварување на Вашите права во врска со заштитата на Вашите лични податоци, можете да остварите контакт со нашиот офицер за заштита на лични податоци Валентина Цветановска, на следната елктроснка пошта (e-mail): valentina.cvetanovska@malmed.gov.mk и тел: 076 401-615.

Време на чување на собраните податоци

Сите податоци кои МАЛМЕД ги собира и обработува се користат во период исклучиво во согласност со закон и само поради целта на употребата.

Имате право да поднесете приговор до МАЛМЕД или барање до АЗЛП

Субјектот на лични податоци, во секое време има право да поднесе приговор до МАЛМЕД против обработката на неговите лични податоци или доколку смета дека со обработката на неговите лични податоци се прекршени одредбите од Законот за заштита на личните податоци (*) има право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци.