Aгенцијата за лекови и медицински средства – Скопје, врз основа на член 48 став 4 од Законот за административи службеници („Службен весник на Република Македонија“ бр. 27/14, 199/14, 48/15, 154/15, 5/16, 142/16 и 11/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 275/19 и 14/20), Правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас („Службен весник на Република Македонија“ бр.11/15 и 35/18 и „Службен весник на РСМ“ бр. 303/21) и Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за лекови и медицински средства – Скопје, бр.02-8983/3 од 03.11.2015 годин, бр.04-1751/1 од 24.02.2016 година, бр. 02-5202/1 од 20.05.2016 година, бр. 02-8827/1 од 06.09.2016 година, бр. 02-2770/1 од 01.03.2018 година, бр. 04-3063/1 од 08.03.2018 година, бр. 02-7575/2 од 22.08.2019 година, 02-11367/2 од 06.12.2019 година и 02-2316/4 од 12.03.2021 година објавува:
ИНТЕРЕН ОГЛАС бр. 01/2021
за пополнување на работни места на административни службеници
преку постапка за унапредување
Се објавува интерен оглас за пополнување на работни места на административни службеници преку спроведување на постапка за унапредување, за следните работни места:
1. УПР 01 01 Б04 000, Раководител на одделение за фармаковигиланца и материовигиланца во Секторот за информации за лекови и медицински средства – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стручни квалификации – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – фундаментални медицински науки или фармација, со завршени 300 односно 360 ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни комепетенции на напредно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- положен испит за административно управување.
Распоред на работното време:
- работни денови: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40;
- дневно работно време: со почеток од 7:30/8:30 часот и завршеток на истото во 15:30/16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од 8 (осум) часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 29.693,00 денари.
2. УПР 01 01 Б04 000, Раководител на одделение за хумани лекови во сектор за проценка на докуметација и ставање во промет на лекови и медицински средства – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стручни квалификации – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – фундаментални медицински науки или фармација, со завршени 300 односно 360 ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни комепетенции на напредно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- положен испит за административно управување.
Распоред на работното време:
- работни денови: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40;
- дневно работно време: со почеток од 7:30/8:30 часот и завршеток на истото во 15:30/16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од 8 (осум) часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 29.693,00 денари.
3. УПР 01 01 Б04 000, Раководител на одделение за фармако-економски и фармако епидемиолошки мислења во во Секторот за информации за лекови и медицински средства – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стручни квалификации – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – фундаментални медицински науки или фармација, со завршени 300 односно 360 ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни комепетенции на напредно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- положен испит за административно управување.
Распоред на работното време:
- работни денови: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40;
- дневно работно време: со почеток од 7:30/8:30 часот и завршеток на истото во 15:30/16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од 8 (осум) часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 29.693,00 денари.
4. ИНС 01 01 Б04 001, Раководител на одделение за инспекциски надзор од областа на лековите и медицинските средства – Виш инспектор во Секторот за инспекциски надзор и лиценцирање на лековите и медицинските средства – 1 (еден) извршител.
Општи услови:
- да е државјанин на Република Македонија,
- активно да го користи македонскиот јазик,
- да е полнолетен,
- да има општа здравствена способност за работното место и
- со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови:
- стручни квалификации – ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен – фармација;
- најмалку четири години работно искуство во струката од кои најмалку една година на работно место во јавен сектор, односно најмалку шест години работно искуство во струката од кои најмалку две години на раководно работно место во приватен сектор.
Општи работни комепетенции на напредно ниво:
- решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг;
- учење и развој;
- комуникација;
- остварување резултати;
- работење со други/тимска работа;
- стратешка свест;
- ориентираност кон странките/засегнати страни;
- раководење; и
- финансиско управување.
Посебни работни компетенции:
- активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски),
- активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,
- положен испит за административно управување
- да има лиценца за инспектор од областа на надлежност на инспекциската служба
- најмалку 4 години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку 1 година како инспектор
Распоред на работното време:
- работни денови: од понеделник до петок;
- работни часови неделно: 40;
- дневно работно време: со почеток од 7:30/8:30 часот и завршеток на истото во 15:30/16:30 часот, а со вкупно времетраење на работниот ден од 8 (осум) часа.
Паричен нето износ на збирот од делот на плата за степен на образование и делот на плата за ниво: 29.693,00 денари.
На интерниот оглас може да се јави административен службеник, вработен во Агенцијата за лекови и медицински средства – Скопје, кој ги исполнува општите и посебните услови за пополнување на работното место пропишани за соодветното ниво во Законот за административни службеници и Правилникот за систематизација на работните места во Агенцијата за лекови и медицински средства – Скопје, како и:
- да е оценет со оцена „А“ или „Б“ при последното оценување,
- да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место
во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,
- да поминал најмалку две години на тековното работно место и
- да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавувањето на интерниот оглас.
Заинтересираниот административен службеник, поднесува пополнета пријава и докази за податоците содржани во пријавата, во хартиена форма преку архивата на Агенцијата за лекови и медицински средства – Скопје до Одделението за управување со човечки ресурси со назнака „за интерен оглас“, како и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси: coveckiresursi@malmed.gov.mk
Кандидатите кон пријавата покрај доказите за исполнување на општите и посебните услови, можат да ги приложат и следните докази:
- потврди за успешно реализирани обуки и/или
- потврди за успешно реализирано менторство.
Рокот за поднесување на пријавата со доказите трае 5 (пет) дена од денот на објавувањето на интерниот оглас на веб страната на Агенцијата за лекови и медицински средства – Скопје и на веб страната на Агенцијата за администрација.
Во пријавата кандидатите се должни под материјална и кривична одговорност да потврдат дека податоците во пријавата се точни, а доставените докази верни на оригиналот. НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата или за кој се утврди дека внел лажни податоци ќе биде дисквалификуван од натамошната постапка по овој оглас.