Почитувани,
Ве информираме дека сe надминати сите проблеми во функционирањето на EXIM системот и истиот е повторно во примена, а со тоа престанува и примената на хартиена постапка во EXIM.
Во прилог Ви го доставуваме Известувањето за ПРЕКИН НА ПРИМЕНА на хартиени документи поради технички проблеми поврзани со EXIM, број 24 – 078860/19 – 0002.
Царинската управа Ви се заблагодарува на разбирањето и поддршката во изминатиот период при надминувањето на проблемите со системот.