+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Почитувани,

 

Ве известуваме дека МАЛМЕД најавува отпочнување на функционирање на мошне значаен сегмент на кој што се работеше во изминатиот период – интегрираниот информациски систем (ИИС) за постапките на клинички испитувања.

Ве известуваме дека од 01.04.2022 година Агенцијата за лекови и медицински средства официјално започнува со имплементирање на интегрираниот информациски систем за овие постапки. Системот е од огромно значење за сите засегнати страни кои се секојдневно поврзани со овие активности во МАЛМЕД. Во насока на непречено и ефикасно имплементирање на новиот систем,  МАЛМЕД спроведе обуки за сите активни корисници на системот.

Примарна и најзначајна карактеристика на овој систем е што истиот овозможува, транспарентно, навремено, квалитетно и ефикасно спроведување на постапките поврзани со клиничките испитувања со што значително се олеснува работењето како за вработените во Агенцијата така и за сите вклучени страни во овие постапки.

Системот нуди можност за поднесување на барања/обрасци и соодветна документација во електронска форма додека клиените во секој момент имаат преглед на своите барања. Тоа во пракса  значи заштеда во време, дебирократизирање на процедурите, зголемена транспарентност како и достапност на целокупната документација во секое време и ефикасна следливост на истата.

Агенцијата за лекови и медицински средства ќе продолжи понатаму континуирано да ја реализира својата мисија која подразбира следење на националните интереси и политиката на приближување кон високите стандарди и барања на ЕУ.

Со почит

Агенција за лекови и медицински средства