
В.Д. Директор на Агенцијата за лекови и медицински средства:
Љирим Шабани, М-р фарм. спец.
Роден: 11.03.1981 година
Град: Куманово
е-маил: lirim.shabani@malmed.gov.mk
телефон: 02-5112-394
Биографски податоци:
Додипломските студии ги има завршено во Државниот Универзитет во Тетово, Природно-математички факултет – отсек Фармација. Специјализација и магистратура завршува во Универзитетот „Кирл и Методиј“ Скопје, Фармацевтски фалкултет – Менаџмент во здравство и Фармако-економија.
Стручната кариера ја почнува во приватна аптека, после тоа од 2008 година во период од околу 4 години работи во Министерство за здравство – Биро за лекови. Во овој период работел како инспектор за лекови и медицински помагала, бил ангажиран во делот на прекурзори и псикотропни супстанции и во делот на хемикалии. Бил ангажиран за соработка со Европската Комисија за транспонирање на европската легислатива во делот на хемикалии како и со Агенцијата за Лекови на Европската Унија (European Medicines Agency – EMA). Има објавено стручен труд со наслов „Наномедицина како иновативна технологија на 21-век“
Во 2011 година се вработува во Влада на Република Северна Македонија како државен советник а во 2014 година се именува Министер за Локална Самоуправа, улога која ја извршува следните две години.
Од 2017 година го води кабинетот на Министерот за Животна Средина и Просторно Планирање а во 2019 година се именува како Државен Секретар во Министерството за Политички систем и односи меѓу заедниците.
Љирим Шабани е женет и има три деца.