Во врска со Твининг проектот на МАЛМЕД под наслов ,,Усогласување на националното законодавство за лекови и медицински средства со таа на ЕУ и јакнење на капацитетите за нејзино имплементирање” на 12-ти Март во просториите на МАЛМЕД се одржа завршен состанок со што и официјално завршија сите предвидени активности од проектот. На состанокот учествуваа Директорот на МАЛМЕД М-р фарм Висара Риза, проектниот лидер од Литванија г-дин Гитис Андролионис, проектниот лидер од РСМ Мерјем Хаџихамза, проектниот тим на МАЛМЕД, еден претставник од ЕУ делегацијата и претставници од Министерството за здравство.
Општ заклучок беше дека сите предивидени активности се спроведоа на време и дека успешноста на проектот се должи на одличната соработка помеѓу твининг партнерите. Преку вредна работа и силна соработка помеѓу литванските и македонските колеги, се спроведоа многу активности, како што се: ревизија на сегашното законодавство за лекови и медицински помагала, анализа на организациската структура на МАЛМЕД, функции и одговорности на структурните единици на МАЛМЕД, анализа на потребите за обука, ревизија на моменталната состојба со потрошувачката на лековите како и значен број на студиски посети на вработените на МАЛМЕД. Нивната успешна имплементација беше можна само преку подготвеност за растење заедно и споделување на стручноста и знаењата.
Четринаесет вработени на МАЛМЕД беа на студиски посети со цел унапредување на знаењата во областа на употреба на лековите, клиничките испитувања и инспекцијата.
Четири заеднички инспекции беа извршени од литвански и македонски инспектори во делот на Добрата производна пракса, добрата клиничка пракса и добрата дистрибутивна пракса
Шест обуки беа спроведени во МАЛМЕД од Литванските ескперти за различни сегменти од работењето на МАЛМЕД.
Сите присутни се согласија дека овој проект е одличен основ за понатомошна соработка помеѓу двете регулаторните тела, МАЛМЕД и Литванската Агенција за контрола на лекови.