+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Фармацевтите се здравствени професионалци кои имаат значителна улога во обезбедувањето на ефикасна грижа за пациентите. Тие имаат знаења и вештини кои овозможуваат унапредување на јавното здравје преку соодветно информирање на пациентите за терапијата што ја примаат, давање на совети и промовирање на фармацевтската грижа на сите нивоа на здравствената заштита. Во оваа насока Интернационалната Фармацевтска Федерација – која брои повеќе од три милиони фармацевти и фармацевтски научници, на глобално ниво уште еднаш потсети на  непроценливата улога на фармацевтите и фармацевтските научници во рамките на здравствените системи на секоја земја.

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства-МАЛМЕД Мр. фарм. Лирим Шабани, им го честита овој ден на сите фармацевти, со порака дека секогаш ќе им стои на располагање за постојана соработка со цел на обезбедување квалитетни фармацевтски услуги и промовирање на улогата на фармацевтите во нашето општество!

Посебно треба да се нагласи дека нашите фармацевти покажаа и докажаа за време на пандемијата дека тие се еден од клучните сегменти на здравствениот систем и имаат капацитет да се справат со големи предизвици со цел да го заштитат јавното здравје.