+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД),  М-р фарм. Роберт Бекироски со тим на вработени, оствари работна посета во домашната компанија АД Алкалоид – Скопје.

Посетата беше остварена со раководството на фабриката во просториите на АД Алкалоид, предводено од генералниот директор Живко Мукаетов, при што беа презентирани производните капацитети на фабриката, како и лабораториите кои функционираат во целиот комплекс. Раководниот тим на фабриката имаше можност за претставување на нивните системи и организација со цел на размена на искуства и заеднички пристап во унапредување на тековните процеси.