+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Почитувани,

Агенцијата за лекови и медицински средства Ве известува дека лекот P 500 (парацетамол) таблети произведен од страна на индиската компанија APEX, НЕ Е РЕГИСТРИРАН ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА И ИСТИОТ НЕ СЕ НАОЃА ВО ПРОМЕТ.

Посочениот производител APEX, нема регистрирано фармацевтски производи во Република Македонија.

Во промет во Република Македонија се наоѓаат лекови кои во својот состав содржат активна супстанција парацетамол и се произведени од други производители.  Истите имаат одобрение за ставање во промет издадено од Агенцијата за лекови и медицински средства и согласно законските прописи редовно се контролираат.

Агенцијата за лекови и медицински средства, согласно своите законски надлежности, го гарантира квалитетот, безбедноста и ефикасноста на лековите кои се во промет.

 

Со почит,

Агенција за лекови и медицински средства