Директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД), М-р фарм. Роберт Бекироски со тим на вработени престојуваше во Анкара, Р.Турција. Целта на патувањето беше учество на состанок во организација на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Турција на тема “Размена на информации помеѓу надлежните органи за лекови и медицински средства“.
На настанот, Турската Агенција ја презентираше организационата шема како и сите функции кои се во нејзина надлежност вклучувајки ја тука аптекарската дејност, постапката на ставање на лек во промет, проблематиката на хербалните лекови, инспекцискиот надзор на лековите , системот на следливост на лекот од производителот до крајниот корисник, политиката на цените на лековите, постапката на регистрација на медицинските помагала, инспекцискиот надзор на медицинските помагала како и лабораториската контрола на квалитет на лековите и медицинските средства.
Сите претставници од земјите учеснички истотака имаа можност за претставување на нивниот систем на организација и функционирање во делот на лековите и медицинските средства.
Во рамките на настанот беше органзирана и посета на лабораторијата за контрола на квалитет на лековите и на лабораторијата за контрола на квалитет на медицинските средства.
Од големо значење е што остваривме и посебен состанок со раководниот тим на Турската Агенција за лекови и медицински средства во просториите на Агенцијата со цел размена на искуства и разгледување на можноста за идна соработка во сегменти кои се од значење за двете страни.