+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

 

      

 

На 13.09.2019 година, во Скопје, Република Северна Македонија ќе се одржи свеченото отворање на Twinning Light проектот, финансиран од ЕУ „Усогласување на законодавството за медицински производи со законодавството на ЕУ и унапредување на капацитетите за негово спроведување“.

Twinning Light проектот е насочен кон усогласување на националното законодавство за лековите и медицинските средства, со законодавството на ЕУ и унапредување на потребните капацитети за негово спроведување. Главен корисник на проектот е Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Северна Македонија („МАЛМЕД“), додека партнери од земјата-членка Република Литванија, се Државната агенција за контрола на лекови, која е под Министерството за здравство на Република Литванија и Централна Агенција за управување со проекти на Република Литванија.

Главната цел на МАЛМЕД со овој проект е унапредување на националните здравствени вредности, усогласување на фармацевтската легислатива со ЕУ и обезбедување на  добри фармацевтски практики, безбедност, ефикасност и квалитет на лековите  и медицинските средства.

Правилното усогласување на националното законодавството со законодавството на ЕУ и неговата релевантна имплементација ќе има круцијално влијание за непречена транзиција на МАЛМЕД како агенција која ќе треба да се интегрира во мрежата на ЕУ на надлежните органи за лекови и медицински средства

На церемонијата за промоција на проектот ќе бидат презентирани  структурата планираните активности и спроведувањето на Проектот во наредните 8 месеци. Воведен  говор ќе  даде Др. Венко Филипче, министер за здравство на Република Северна Македонија, преставник од Делегацијата на ЕУ во Република Северна Македонија, г-ѓа Висара Риза, директорот на Агенцијата за лекови и медицински помагала на Република на Северна Македонија, г-ѓа Мерјем Хаџихамза проект лидер и раководител од МАЛМЕД и др. Гитис Андрулионис, директор на Државната агенција за контрола на лекови при Министерството за здравство на Република Литванија..

Буџетот за реализација е 250 000 ЕУР. Проектот ќе трае 8 месеци.

Сите дополнителни информации за проектот ќе можете да ги најдете на страната на Агенцијата за лекови и медицински средства www.malmed.gov.mk

За повеќе информации:

Мерјем Хаџихамза, проект координатор-МАЛМЕД, e-mail: merjem.haxhihamza@malmed.gov.mk

Марија Трачулески, заменик проект координатор-МАЛМЕД, e-mail: marija.trajculeski@malmed.gov.mk

контакт лица:

Билјана Димитрова, e-mail: biljana.dimitrova@malmed.gov.mk

Елона Чилку, e-mail: elona.chilku@malmed.gov.mk

Известувањето може да го погледнете тука