Во текот на минатата недела, на 07 и 08 мај 2018 година, Агенцијата за лекови и медицински средства како дел од своите континуирани активности во делот на фармаковигиланцата, во просториите на МАЛМЕД, одржа четири работилници со едукативни предавања наменети за здравствените работници.
На нив присуствуваа 50 лекари специјалисти – претставници на здравствените установи од секундарно и терцијарно ниво на здравствена заштита од градот Скопје.
Целта на работилниците беше подигање на свеста за пријавување на несакани реакции од употребата на лековите и медицинските средства. Посебно беше нагласено дека ефикасноста и успехот на националната програма за следење на безбедноста на лековите, директно зависи од активното учество на здравствените работници во пријавувањето на суспектните несакани реакции.