Во рамките на Проектот на Агенцијата за лекови за проблематиката на фалсификуваните лекови во кој учествуваат релевантни институции како Министерство за здравство , Центарот за испитување и контрола на лекови при Фармацевтски факултет во Скопје, Сектор за контрола и истраги, Служба за борба против економски криминал, Царинска управа на Р. Македонија, Сектор за финансиски криминал, Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Министерство за внатрешни работи на Р. Македонија, Министерство за правда на Р. Македонија и Јавно обвинителство на Р. Македонија, денес во просториите на Агенцијата за одржа состанок на работната група одговорна за имплементирање на проектот. На состанокот се направи една проценка на актуелната состојба во нашата држава поврзана со проблематиката на фасификувани лекови и се утрди еден акционен план за текот на активностите кои треба да се превземаат со цел ефикасно реализирање на проектните цели.