На ден 09.11.2017 година во просториите на Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија (МАЛМЕД), се одржа првиот состанок на работната група која има за цел преземање на активности за подигнување на свеста кај здравствените работници за пријавување на несакани дејства од употребата на лековите и медицинските средства.
Здравствените работници преку нивната секојдневна професионална пракса се наоѓаат во позиција да може да ги идентификуваат и да ги пријават несаканите реакции на лековите кои се наоѓаат во промет. Тие треба да ги пријавуваат несаканите реакции и сомнежот за нивно појавување, дури и кога не постојат сигурни докази дека тие се причинско-последично поврзани со примената на лекот, со цел заштита на здравјето на пациентите.
Ефикасноста и успехот на националната програма за следење на безбедноста на лековите директно зависи од активното учество на здравствените работници во пријавувањето на суспектните несакани реакции.