Почитувани,
Ве известуваме дека во прилог на документацијата за одобрување на граничен производ објавена во Правилникот за поблиските услови за граничен производ, начинот на одобрување и потребната документација, објавен во („Службен весник на РМ“, бр. 203/15 од 17.11.2015 година) потребно е да доставите и:
1. Оригинално упатство од производителот;
2. Превод на оригиналното упастство од овластен преведувач на македонски јазик;
3. Предлог упатство за граничен производ согласно насоките во Правилникот за содржината на упатството за употреба на граничен производ.
Согласно објавениот Правилник за поблиските услови за граничен производ, начинот на одобрување и потребната документација („Службен весник на РМ“, бр. 203/15 од 17.11.2015), директорот на Агенцијата за лекови и медицински средства донесе интерен правилник со кој се уредува содржината на упатството за употреба на граничен производ.
ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА УПАТСТВОТО ЗА УПОТРЕБА НА ГРАНИЧЕН ПРОИЗВОД-(word) документ