+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Информациона технологија

Агенцијата за лекови и медицински средства спроведе проект за изработка на интегриран информационен систем. Проектот е целосно реализиран и е пуштен во употреба кон крајот на 2018 година. 

Целта на овој проект е да се овозможи побрз и полесен начин на работа на економските оператори со Агенцијата, со тоа што процедурите за добивање на решенија за регистрација на лекови и медицински средства ќе се прават преку овој систем во иднина.

Исто така, Агенцијата спроведе и проект за Национален систем за фармаковигиланца. И овој проект е целосно реализиран и е пуштен во употреба кон крајот на 2018 година.

Целта на овој проект е да се овозможи систем преку кој ќе им се даде можност на сите граѓани и на целиот медицински кадар во Република Македонија алатка со која ќе може да се изврши пријавување на несакани дејствија на било кој лек или медицинско средство кое се користи на територијата на Република Македонија. Проектот е замислен согласно најновите процедури и стандарди кои се употребуваат во Европската унија.

Агенцијата исто така вложува средства и за подобрување на состојбата со информатичката опрема со која располага, со цел да се овозможи побрза и поефикасна услуга кон економските оператори кои ги користат нејзините услуги.