+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Почитувани,

Ве известуваме дека EXIM системот и покрај тоа што е достапен има проблем во делот на потпишувањето.

Во моментов Царинската управа работи на надминувањето на овој проблем, но до целосно надминување на проблемите во функционирањето на системот, продолжете да издавате хартиени документи, согласно Уредбата за воспоставувањето и начинот на користење на информациониот систем за обработка на податоци во електронски облик и електронски потпис при увоз, извоз и транзит на стоки и Правилата за примена на алтернативна хартиена процедура во случај на технички проблеми поврзани со EXIM.

Со оглед дека нема успешно поднесени барања во системот, повторно користете го истиот архивски број 24 – 078860/19 – 0001. Известувањето Ви го доставувам во прилог и на овој маил.

Ви благодариме на разбирањето.

Царинска Управа

 

Одобрение за увоз на лекови ЕКСИМ.docx – престанато да важи (види ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕСТАНОК НА ПРИМЕНА НА ХАРТИЕНA ПОСТАПКА ВО EXIM, објавено на 05.11.2019 година)

Одобрение за увоз на медицински средства ЕКСИМ.docx – престанато да важи (види ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕСТАНОК НА ПРИМЕНА НА ХАРТИЕНA ПОСТАПКА ВО EXIM, објавено на 05.11.2019 година)