Ве известуваме дека Комисијата за безбедност и огласување при Агенцијата за лекови и медицински средства на ден 01.03.2019 година одржа седница и со записник бр.08-66/8 донесе одлука:

Врз основа на добиените резултати од двете овластени лаборатории за испитување и контрола на лекови, ЈЗУ Институт за Јавно здравје – Скопје  и Фармацевтски факултет – Скопје, Центар за испитување и контрола на лекови, престанува да важи мерката карантин донесена со записник бр.08-505/33 од 11.12.2018 година за лекот Medaxone 2 g, прашок за раствор за инјектирање или инфузија на производителот Medochemie Ltd. – Кипар.