+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

Почитувани,

 

Заради не функционирање на системот за електронско поднесување на дозволи за увоз извоз, а со оглед на спецификата на производите кои се во надлежност на Агенцијата,  до моментот на отклонување на дефектот, доколку имате итни дозволи ке се применува постапка на хартиено одобрување на истите. За таа цел потребно е да поднесете барање на Ваш меморандум со податоци за увозот истото да го поднесете преку архива заедно со дополнителната пропратна документација која е стандардна како и до сега при аплицирње во Eксим.

– профактурата

– уплата на 1000 ден Буџет и 10 еур (денарска противвредност на Агенција

-пополнето одобрение за увоз кое можете да го најдете на страницата на Агенцијата

Доколку се работи за нерегистрирани лекови и/или медицински средства поднесувате и изјава за намена, ЕЦ сертификат и/или сертификати за анализа ако се работи за лекови.

Доколку се работи за дозвола веке аплицирана во Eксим (не зависно од статусот на дозволата и имате испринтана верзија на дозволата, можете таа дозвола да ја доставите за потпис и печат од Агенцијата.

За дозвола аплицирана во Ексим но која не сте имале можност да ја испринтате, потребно е да доставите барање преку архива како за нова дозвола но притоа ке важат уплатите кои сте ги уплатиле за Eксим бројот и истите во фотокопија доставете ги при поднесување на документацијата.

 

Благодарамe за разбирањето.

Со почит,

 

Одобрение за увоз на лекови ЕКСИМ.docx – престанато да важи (види Известување за ПРЕКИН НА ПРИМЕНА на хартиени документи поради технички проблеми поврзани со EXIM, објавено на 01.11.2019 година)

Одобрение за увоз на медицински средства ЕКСИМ.docx – престанато да важи (види Известување за ПРЕКИН НА ПРИМЕНА на хартиени документи поради технички проблеми поврзани со EXIM, објавено на 01.11.2019 година)