Почитувани корисници на ЕКСИМ едношалтерскиот систем за дозволи за увоз извоз на лекови и медицински срества
Ве потсетуваме на законската основа при поднесување на барањата за увоз да се доставуваат во прилог документите согласно член 4 од ПРАВИЛНИК ЗА СОДРЖИНАТА НА БАРАЊЕТО И НАЧИНОТ НА ДОБИВАЊЕ НА ОДОБРЕНИЕ ЗА УВОЗ НА ЛЕКОВИ (Службен весник на РМ, бр. 151/08), и тоа
– про-фактура или фактура за лековите / медицински средства кои се предмет на увоз,
– сертификат за квалитет за серијата на лек која е предмет на увоз ,
– решение за регистрација на лекот / медицинското средство на територија на Република Северна Македонија,
– решение – дозвола за промет на големо со лекови и / или медицински средства издадена од Агенцијата за лекови и медицински средства.
Сертификатот за квалитет за серијата на лек која е предмет на увоз треба да е оригинален или доколку се доставуваат копии истите да бидат со Ваш печат и потпис верно на оригиналот или да се достави изјава дека по барање на Агенцијата за лекови и медицински средства оригиналите на приложените сертификати ке бидат доставени на увид.
Со почит,
Агенција за лекови и медицински средства