Заменик Директор на Агенција за лекови и медицински средства
Маја Ковачева М-р фарм. спец.
Родена: 26.05.1968
Место: Битола
e-mail: maja.kovaceva@malmed.gov.mk
тел: 02-3200-043
Биографски податоци:
Дипломирала во 1994 година на Универзитетот Св. Кирил и Методиј на Фармацевтскиот факултет во Скопје, а во 2006 година специјализирала во областа Фармакоинформатика на Фармацевтскиот факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј- Скопје.
Во својата 30 годишна кариера работела во повеќе сегменти од здравството: аптеки, веледрогерија, а најголем дел од искуството го има стекнато во Фармацевтската комора на Македонија како советник за фармацевтски работи.
Од професионалните активности била член на Управениот одбор на Фондот за здравственото осигурување како представник на трите комори (Лекарска, Фармацевтска и Стоматолошка) во период од 2022-2024.
Координатор е на Фармацевтската комора на Македонија со Фармацевтската група на европската унија (PGEU) од 2021;
Координатор е на Одборот за болничка фармација со Европската асоцијација на болнички фармацевти (ЕАХП) од 2008.
Била делегат во Генерелното собрание на ЕАХП за Македонија 2008-2012
Член е на испитни комисии за полагање на стручен испит на здравствени работници од областа на фармацијата од 2007.
Била делегат на Генералното собрание на Еурофармфорумот во период од 2007-2011
Учествувала во организација на Medication safety matters, Europharm forum 20-th Annual meeting, 14-15 October 2011, Ohrid, Macedonia.
Акредитиран едукатор, ментор и испитувач за дипломираните фармацевти/магистри по фармација од областа на фармакоинформатиката на тренинг за едукатори, ментори и испитувачи во организација на СЗО во 2009 година.
Координатор е на Фармацевтската комора со Интернационалната Фармацевтска Федерација (FIP) од 2007.
Главен уредник е на професионалното списание на Фармацевтската комора „Фармацевтски Информатор“ од 2007.
Учествувала во проектот Развој на фармацевтската практика ,,Фармацевтска грижа,, -проект за управување со здравствениот систем во 2008 година.
Акредитиран претставник на комитетот за унапредување на здравствениот систем на Македонија на тренингот одржан во Скопје во 2009 година.
Учествувала во Проектот за управување со здравствениот сектор за модернизирање на едукативниот дел од процесот на лиценцирање на лекари, стоматолози и фармацевти (Министерство за здравство)
Автор е на на голем број стручни трудови од областа на фармацијата и активно учествувала на повеќе светски и европски конгреси како и работилници, семинари и панели организирани од меѓународни инситуции.