+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page
Агенцијата за лекови и медицински средства во соработкa со Европската Агенција за лекови (ЕМА) на 19-ти и 20-ти Октомври реализираше онлајн обука за своите вработени.
 
При тоа вработените од МАЛМЕД имаа можност да се запознаат со функционирањето на регулаторниот систем за лекови на Европската унија (ЕУ), неговата важност во обезбедувањето на јавното здравје во Европа и пошироко, како и некои фундаментални аспекти на овој систем, како што се постапките за одобрение за ставање на лек во промет, клиничките испитувања, инспекциите, медицински помагала и фармаковигиланцата.
 
Ова е една од низата обуки што ке се реализираат се со цел зајакнување на капацитетите на МАЛМЕД и приближување кон Европските стандарди и практики поврзани со проблематиката на лековите.