На 03.07.2020 год. Европската Комисија издаде условно одобрение за ставање во промет на лекот remdesivir за третман на COVID-19 кај возрасни и адолесецнти над 12 годишна возраст со пнеумониа кои дополнително имаат потреба од оксигенација.
Ова беше очекувано имајки ги во предвид препораките кои ги даде Комисијата за лекови (CHMP) при Европската Агенција за лекови на 25.06.2020 год. со што се дозволува ставањето во промет на remdesivir во земјите членки на ЕУ но и во другите земји согласно нивната национална легислатива.