+389 2 5112 394 info@malmed.gov.mk
Select Page

 

Денес во просториите на Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) се одржа состанок на зам. Директорот М-р фарм. спец. Роберт Бекироски со раководителите на секторите при МАЛМЕД.

МАЛМЕД е во завршна фаза на дигитализација на голем дел од работните процеси. Планирано е во следниот период да се пуштаат во употреба повеќе модули, и тоа: модулот за следење на потрошувачка на лекови, модул за добивање на одобрение за прва серија на лек, модул за апликација за Клинички испитувања, модул за медицински средства.

Истите модули ќе придонесат во унапредување на работата на агенцијата во повеќе сегменти, што во пракса значи поефикасна следливост, економичност и транспарентност на постапките.