ДоСИТЕ ЗДРАВСТЕВЕНИ РАБОТНИЦИ

Предмет: Известување

До Агенцијата за лекови и медицински средства од страна на повеќе здравствени установи од секундарна и терциерна здравствена заштита пристигнаа пријави за сериозни несакани реакции од лекот

  • Medaxone (ceftriaxone) 2 g, прашок за раствор за инјектирање или инфузија на производителот Medochemie Ltd. – Кипар.

Агенцијата за лекови и медицински средства донесе одлука :

Времено да се стопира употребата на лекот и целокупната количина од горенаведениот лек да се стави во карантин во здравствените установи.

На ден 12.12.2018 година фармацевтските инспектори од МАЛМЕД земаа примероци од серии на лекот Medaxone 2 g, прашок за раствор за инјектирање или инфузија на производителот Medochemie Ltd. – Кипар од здравствените установи на кои ќе се изврши анализа на примероците во овластени лаборатории на РМ.

Препорачаната мерка карантин  ќе остане во сила се до добивање на дополнителни препораки од страна на Агенцијата за лекови и медицински средства.