Со цел обезбедување на довербата на нашите клиенти, вработени, како и сите други заинтересирани страни во здравствениот сектор, зголемување на ефикасноста на Агенцијата, поголема транспарентност во работењето, пониски трошоци и создавање на пократок циклус на извршување на активностите преку ефикасна употреба на ресурси, подобрени, доследни и предвидливи резултати, Агенцијата за лекови и медицински средства во 2016 година за првпат се сертифицираше по стандардите на ISO 9001:2008. Во јуни 2017 година направена е ресертификација по стандардите на новиот ISO 9001:2015.

Преку политиката за квалитет изготвени се повеќе од 30 процедури кои ги дефинираат активностите во сите сегменти и сектори на Агенцијата за лекови и медицински средтства, овозможуваат рационализација и поделба на одговорностите меѓу вработените, воспоставување на стандарди на работење, дефинирање на процедурите, образците и целата документацијата, како и начинот на комуникација и размената на информациии.

 

Политика за квалитет

Нашата мисија е остварување на основното човеково право за обезбедување на квалитетни, ефикасни и безбедни лекови и медицински средства, како и унапредување на здравјето на луѓето преку:

–              Издавање одобренија на исклучиво квалитетни, сигурни и ефикасни лекови и медицински средства и обезбедување на соодветни информации, со цел безбедно користење на издадените лекови и медицински средства, и контрола на квалитетот на лековите и медицинските средства во согласност со националните и меѓународните законски регулативи и стандарди.

Со желба за постојано развивање и унапредување на квалитетот на нашите услуги преку разбирање и исполнување на барањата и очекувањата од нашите корисници, се определивме кон воспоставување на Систем за управување со квалитет во согласност со барањата на меѓународниот стандард ISO 9001:2015.

Наша визија е да се развиеме во стручно независна, ефикасна, општествено призната и   професионална агенција која може да се споредува со останатите надлежни органи за лекови и медицински средства во регионот и во Европската Унија.

Стратешките цели се усогласени со надворешниот и внатрешниот контекст на организацијата и нашата мисија и визија. Нашите цели ќе ги оствариме преку:

  • Ефикаснo и ефективно спроведување на барањата од стандардот ISO 9001:2015;
  • Лабораториска контрола на квалитетот и обезбедување соодветни информации;
  • Афирмирање на Лидерството како еден од принципите за раководење, со што ќе обезбедиме мотивираност и посветеност кон остварување на стратешките определби и цели;
  • Идентификување на ризиците во работењето и проактивно управување со нив заради унапредување на услугите, процесите и Системот за управување со квалитет;
  • Активно учество на сите вработени во планирање, спроведување и вреднување на сите активности во реализација на процесите преку стручно оспособување и усовршување, стимулирање на креативноста, самоиницијативност и одговорност во работењето;
  • Развој на организациска култура и препознатлив имиџ;
  • Постојано подобрување на Системот за управување со квалитет;
  • Ефективно и ефикасно решавање на барањата поврзани со производите и барањата поврзани со взаемно делување на економските субјекти;

Спроведувањето на политиката на квалитет е одговорност на секој вработен во Агенцијата за лекови и медицински средства на Република Македонија.