ГОДИШНИНА ОД ОСНОВАЊЕТО НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЛЕКОВИ И МЕДИЦИНСКИ СРЕДСТВА

 

 

Една година Македонска Агенција за лекови и медицински средства (МАЛМЕД) 

Агенцијата за лекови и медицински средства на 16ти Септември ја прославува својата прва годишнина од основањето како независен авторитет за  фармацевтската регулатива во Република Македонија. 

Изминатата година  се посветивме на нашите цели: донесување на нов Закон за лекови и медиицнски средства, утврдување на основите за унапредување на постоечката регулатива, внатрешна реорганизација на постоечкото јадро на Бирото за лекови, преселба во новите простории на Агенцијата и нејзино брендирање, размена на искуства со повеќе странски Агенции за лекови како од Регионот така и од Европа, изработка на стратегија за понатамошно градење и развивање на  ефикасна, транспарентна, и независна Агенција за лекови и медицински средства, која ќе биде во служба на здравјето на ѓраѓаните. Истовремено Агенцијата континуирано работи на доедукација на стручните кадри и проширување на стручните обврски по примерот на Европските Агенции за лекови.

Секоја наш Јубилеј е прослава на нашиот труд и работа, само потсетување на се она што е направено и годините кои се пред нас за нови успеси.